„Охридски бисери“ – Интернационален натпревар за млади музичари

20 јуни, 2018 | 11:17 часот | 1.102 прикажувања |

Охрид и оваа година ќе биде домаќин на интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“, на кој се пријавени над 80 учесници од повеќе држави.

На манифестацијата, која се одржува од 15 до 21 јуни учесници од Русија, Германија, Кина, Романија, Чешка, Турција, Полска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина и пијано.

Натпреварот, како што соопшти организаторот, го следи интернационално жири од меѓународно истакнати и признати музички изведувачи и педагози, а завршен концерт е планиран за утре во црквата „Света Софија“.