Коѕијас: Подобро Македонија да биде наш пријател отколку да стане Голема Бугарија

19 јуни, 2018 | 9:24 часот | 1.003 прикажувања |

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас изјавил дека владата на Грција ги има во предвид сите можни опции за развојот на ситуацијата и дека националните интереси на земјата се заштитени, а договорот со Скопје ќе стапи на сила дури по завршувањето на неопходните уставни промени.

Тој изјави дека целта на Грција е да има пријателска држава или партнер на северната граница, што е значително подобра опција од можноста Македонија да стане “заедница, доминирана од Турција, или да се распадне и да го отвори патот на Голема Албанија и Голема Бугарија “.

Проблемите на надворешната политика се многу сериозни и многу неповолни. Дали Грција тоа го сака? Бидејќи тие зборуваат без да размислуваат за последиците”, коментира Коѕијас.”Треба да ја разликуваме историската Грција и античка Грчка Македонија од географската карта. Ако не го направиме тоа, ќе сме збунети”, додаде тој.

 

Преземенo од: faktor.mk