Уапсен директорот на Ауди

19 јуни, 2018 | 9:11 часот | 523 прикажувања |

Германската полиција го уапси првиот човек на Ауди Руперт Штадлер.

Во соопштението на обвинителството во Минхен се потврдува дека  е издаден налог за негово апсење заради вмешаноста во дизелгејт аферата. Под сомнение дека може да влијае на истрагата и да ги прикрие доказите, судот му одреди притвор. Непријатната вест е потврдена од групата Volkswagen, која сега ќе се соочи со раководечка криза. Минатата недела полицијата изврши претрес во неговиот дом, но не беше соопштено ништо околу тоа дали се пронајдени компримитирачки материјали. Штадлер досега е највисокиот раководител од VW кој се најде зад решетки.

Интерната истрага спроведена од групата во 2016 година не најде докази дека тој знаел за тоа што се случува со софтверот на дизел моторите иако медиумските извештаи тогаш тврдеа поинаку. Руперт Штадлер е на чело на Audi од 2007 година.