Демонстрантите повикаа на протест денес пред Собрание во 11часот

19 јуни, 2018 | 9:05 часот | 830 прикажувања |

Учесниците на  протестите против промена на името, кои протестираат веќе шест дена пред Собранието, повикуваат на нов протест на исто место, денес во 11 часот.

Вчерашниот протест за разлика од претходниот помина во мирна атмосфера.

Пред Собранието се слушаа патриотски песни, а говори одржаа Солза Грчева, Филип Петровски и други учесници на протестот.

Тие во своите говори изразија разочараност од постигнатиот договор со Грција и разочараност од актуелната власт.