Денес во Собранието ќе се разгледува договорот со Грција

19 јуни, 2018 | 8:50 часот | 548 прикажувања |

Денеска пред пратениците на Собранието на Македонија, ќе се најде договорот со Грција кој беше прифатен од Владата, со што ќе почне процедура за ратификација на договорот за решавање на спорот.

Талат Џафери, ја закажа седницата и изјави дека очекува договорот да биде ратификуван до петок.

Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба со Грција доби европско знаменце и ќе биде по скратена постапка. Пратениците денеска треба да ја изгласаат потребата за донесување на предлог-законот за ратификација, по што ќе отвори дебата во Комисијата за европски прашања. Поради европското знаменцена текстот на Предлог – законот се кратат роковите и дискусиите на Комисијата за европски прашања се ограничени на три дена. По дебатата во оваа собраниската комисија, за договорот ќе се гласа и на пленарна седница. За да се ратификува, потребно е мнозинство од 61 пратеник.