Апасиев: Договорот ќе стапи на сила на „куково лето“

17 јуни, 2018 | 20:19 часот | 1.403 прикажувања |

Не се согласувам дека договорот е историски, вели за Студио 1 Димитар Апасиев од Левица и го споредува со патетична селска приредба.

„Овие сцени се можеби убави за публиката, но допрва доаѓа тоа што го нарекувам „смртни правни пречки“ или „несоборливи правни пречки“ за овој договор да не стапи на сила никогаш, односно да стапи на сила на „куково лето“.

Според него, првата правна пречка е претседателот на Р. Македонија затоа што според Уставот, тој ги склучува договорите во името на Република Македонија, а не премиерот или министерот за надворешни работи. Договорот содржи три дела, од кои првите осум члена се тоа што излегува надвор од овластувањата на Владата во преговорите и се во ексклузивна надлежност на претседателот, вели Апасиев.

„Меѓу другото, идентитетските прашања не влегуваат во тие области и затоа велам дека тие направиле неумесен обид да ги спојат. Дел два и дел три влегуваат во надлежност на Владата, но првиот дел, првите осум члена никако не влегуваат и затоа правно кажано, станува збор за ултра вирес акт, односно акт на пречекорување на овластувањата од страна на еден министер. Убаво ги наместија да го потпишат, Ципрас и Заев не потпишаа како левичарски партии. Ги наместија Коѕијас од другата партија, не е од Сириза и Димитров кој е поблизок до ВМРО-ДПМНЕ отколку до СДСМ“, објаснува Апасиев.