За Нимиц решавањето на спорот за името било најдобар роденденски подарок

17 јуни, 2018 | 19:52 часот | 691 прикажувања |

Медијаторот на ОН во решавање на спорот со името, Метју Нимиц денеска од Преспа истакна дека не постоел подобар подарок за неговиот роденден од денешното потпишување на Договорот за името.

Грците кои беа домаќини на првиот дел од настанот на медијаторот му подарија чоколадна торта со свеќички и цреша, откако заврши формалниот дел на настанот.

„Решението за овој проблем бара мудро лидерство и стратешка визија, а овие лидери покажаа дека ги поседуваат тие квалитети“, рече Нимиц честитајќи им на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Нимиц изјави дека му било задоволство што бил медијатор и го посведочил потпишувањето на договорот и додаде дека сподгодбата е правична и чесна и ќе служи како пример за регионот дека соседите можат да ги решат проблемите ако се заложат за тоа.