Единствена Македонија: Марионетската власт е во очајнички обид да ја уништи Македонија

16 јуни, 2018 | 16:33 часот | 985 прикажувања |

Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење, сметаат од партијата Единствена Македонија.

„Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени Македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас. Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор. Се ближи моментот кога Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници, а сите кои учествувале во националното предавство со промена на името нема да стигнат ниту до границата при нивниот обид за бегство од државата“, соопштуваат од партијата.

One comment on “Единствена Македонија: Марионетската власт е во очајнички обид да ја уништи Македонија

Comments are closed.