Се шират лажни вести за наводна смрт на Оливер Драгојевиќ

9 декември, 2017 | 21:08 часот | 440 прикажувања |

Низ балканските медиуми последниов час се прошири веста за смртта на хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ. „Сплитски дневник“ прв ја објави веста, но после неколку минути истата беше тргната – дали поради невистинитост или блокираност на сајтот, сè уште не е познато. Сепак, ниту еден друг хрватски медиум не сподели вечерва таква вест.

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ во рамки на еден настан ги замоли сите да се помолат за здравјето на Драгојевиќ. Поради состојбата, пејачот неодамна ги откажа сите концерти. Од неговата службена Фејсбук страница ги демантираа шпекулациите за наводна смрт на пејачот.

„Оливер е добро и лечењето продолжува. Ве замолуваме да не верувате на дезинформациите кои моментално кружат“, се вели во објавата на Фејсбук.