Иванов до Борисов: Со одбивањето на средбата, заземаш страна

14 јуни, 2018 | 13:33 часот | 1.493 прикажувања |

Со овој гест Борисов зазема страна – изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој е во дводневна официјална посета на Бугарија.

Иванов, меѓудругото, требаше да се сретне и со Бојко Борисов, претседател на Владата на Бугарија. Но, Борисов, во последен момент ја откажа средбата.

„Тоа е негова одлука и негова одговорност. Со овој негов гест тој зазема страна. Борисов не е само премиер на Бугарија, туку е и Претседавач со ЕУ. Европската Унија апелира за дијалог, а некој бега од него“, изјави претседателот Иванов, одговарајќи на на новинарско прашање во врска со отказот на Борисов да се сретне со него.