Елка Јачева-Улчар: Постигнавме Грците да ни признаат нешто што ни е признаено уште во 1977 година и тоа било успех

14 јуни, 2018 | 13:21 часот | 2.899 прикажувања |

Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ на својот Фејсбук профил напиша дека во договорот со Грција е постигнато нешто што е признаено уште пред 40 години, а денеска тоа се претставува како најголем бенефит од преговорите.

„Со резолуција на УНГЕГН при ООН македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се признати уште во 1977 година и тоа сред Атина. Толку! Значи, постигнавме со Грција нешто што е постигнато уште пред 40 години, а денеска го претставуваме како најголем бенефит од преговорите“, напиша Јачева-Улчар.