Доналд Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

14 јуни, 2018 | 9:05 часот | 740 прикажувања |

Двајца норвешки пратеници соопштија дека Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобеловата награда за мир, а како причина го наведоа историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Група американски народни претставници неодамна открија дека и тие го номинирале Трамп.

Право на номинации имаат политичари, академици, поранешни добитници, директори на институти за мирвни истражувања и актуелни и идни членови на Одборот.

Минатогодишната награда ја доби ИЦАН, светското здружение за укинување на нуклеарното оружје.