Иванов: Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци и закани, нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор

14 јуни, 2018 | 8:58 часот | 966 прикажувања |

Договорот за името со Грција вчера на претседателот на државата Ѓорге Иванов му го доставија премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Средбата беше траеше само 2 минути, а Иванов изјавие дека нема да „легализира политички дивоградби“ и ја обвини Владата дека не собрала сили за да се изгради заеднички став и да се постигне национален консензус.

„Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци и закани, нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор“.  – вели Иванов

Според Иванов  текстот на договорот е поразителен за РМ, бидејќи не предвидува само промена на уставното име, туку и на преамбулата на Уставот.

„На крај, го повикувам македонскиот народ каде и да се наоѓа да не се плаши. Не ја губете вербата во себе. Чувајте го и негувајте го нашиот многувековен идеал на непокорот“, порача Иванов.