„Воинот на коњ“ ќе добие објаснување дека е дел од хеленскиот антички период

13 јуни, 2018 | 13:51 часот | 395 прикажувања |

Споменикот „Воин на коњ“ нема да се урне, туку ќе се преименува во Александар Македонски, изјавил портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за Макфакс.

„Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се“, кажа Бошњаковски.