Фрлиле 2,5 тони дрога во Јадранското Море и побегнале

11 јуни, 2018 | 11:57 часот | 503 прикажувања |

Италијанската полиција Гуардија ди Финанса во крајбрежните води на Јадранското Море откри моторен чамец во кој имало 2,5 тони дрога. Претпоставките се дека марихуаната била натоварена во албанскиот град Валона, а крајната дестинација до која требало да стигне е Италија.

Албанските медиуми, кои се повикуваат на извори на италијанската полиција, јавуваат дека по откривањето на чамецот, дрогата била фрлена во морето, а чамецот со голема брзина испловил во водите на Црна Гора. Во истрагата се вклучени полициите на Италија, Албанија и на Грција.

Во Црна Гора сè уште не се откриени лицата што ѝ избегаа на италијанската полиција. Албанските медиуми, кои се повикуваат на извори на полициите на трите држави, нагласуваат дека дрогата била наменета за евроскиот наркопазар.