Милошоски: Димитров бара нова работа надвор од Македонија

11 јуни, 2018 | 11:17 часот | 1.007 прикажувања |

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, тврди дека сегашниот македонски шеф на дипломатијата Никола Димитров бара нова позиција во Обединетите нации, односно дека не планира да го заврши својот мандат како министер за надворешни работи на Македонија.

„Не знам дали кариерата на Никола Димитров е „на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже“, пишува Милошоски.

Во пораката која ја објави тој на социјалната мрежа Фејсбук, стои:

„Министерот за надворешни работи веќе започнал разговори со некои дипломати од Обединетите нации и Холандија во Њујорк за да ја поддржат неговата номинација (најверојатно кон крајот на 2018) за некоја средно висока позиција во ОН-Њујорк, ОН – Хаг, ОН-Виена или ОН-Женева“, стои во пораката.