Ватикан ќе дозволи женети мажи да станат свештеници

10 јуни, 2018 | 22:23 часот | 252 прикажувања |

Ватикан соопштил дека е подготвен за нова дебата за можноста на ракополагање на жени и оженети мажи, објави Гардијан. Во документот објавен во петокот, Ватикан не го објаснува проблемот со ракополагање на женети мажи, но ги повикува католичките бискупи, кои работат во подрачјето на Амазон, храбро да размислат за можните начини на ширење влијание на црквата во тој регион.

Ватикан во документот исто така ги повикува бискупите да размислат за улогата на жената во подрачјето на Амазон, како и на црковните должности кои би можеле да ги извршуваат, земајќи ја во предвид средишната улога која денес ја имаат жените во амазонската црква.

Кардиналот Лоренѕо Балдисери изјавил дека црквата со овој документ не изнесува службена декларација за улогата на женетите мажи и жени во свештенска служба, но отворен е простор за дебата.