Ердоган ја осуди најавата за затворање на џамиите на австриска територија

10 јуни, 2018 | 19:51 часот | 374 прикажувања |

Најавата на австриските власти дека ќе ги затворат џамиите на австриска територија предизвика бурна реакција кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што пренесуваат светските медиуми, турскиот лидер остро ја осудил таквата најава на официјална Виена, која вклучува и покренување истрага против десетина муслимански свештеници.

„Се плашам дека мерките кои ги презема канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, го водат светот во војна меѓу крстот и полумесечината. Тие рекле дека ќе ги протераат имамите. Како да не одговорите на тоа? Нема да седиме со скрстени раце“, порачал Ердоган.

Владата на Курц во петокот донесе одлука за протерување на имами и покренување истрага против неколку десетина проповедници. Тие се осомничени за кршење на Законот за ислам, кој предвидува забрана на финансирање на верски заедници од странство.