ФОТО: Заев и Димитров на заеднички ручек, се пофалија дека биле на иста линија

10 јуни, 2018 | 19:45 часот | 3.676 прикажувања |

По пишувањата на одредени грчки и македонски медиуми дека односите меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров се нарушени, тие денеска објавија заедничка фотографија со која се пофалија дека нивните односи се на иста линија во поглед на преговорите за името.

Премиерот и шефот на дипломатијата беа на заеднички ручек во родниот град на Заев – Струмица, во придружба на нивните сопруги.

Заев на неговите фотографии објави коментар „На иста линија“.