ФОТО: Силно невреме го зафати Скопје

9 јуни, 2018 | 12:19 часот | 1.011 прикажувања |

Скопје во моментов го зафати силно невреме. Дожд, град, грмежи и силен ветер се истури врз македонската метропола.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

извор: Плусинфо