УКИМ ќе ги награди најдобрите дипломирани во 2016/2017

8 јуни, 2018 | 11:13 часот | 1.224 прикажувања |

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе им додели награди и пофалници на најдобро дипломираните студенти во учебната 2016/2017 година и наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2017/2018 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите.

„Почитувајќи ја речиси седумдецениската традиција, со овој свечен чин Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им оддава должно признание на најдобро дипломираните студенти на нашиот Универзитет за нивните успеси постигнати во текот на студирањето“ соопшти УКИМ