Османи: Барам разбирање од вас да бидеме внимателни во овој период, бидејќи е лесно да се изместите заради преоптовареност на преговорите

8 јуни, 2018 | 10:46 часот | 1.379 прикажувања |

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на презентацијата посветена на содржината, имплементацијата како и значењето на новиот реформски план наречен План 18,  на новинарско прашање во врска со преговорите за името одговори:

„Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи коишто ги искажуваат страните во разговорите. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат и се обидуваат да го олеснат спорот, Сметаме дека е идеална прилика да се затвори прашањето бидејќи ќе ни го отвори процесот за НАТО, за преговори во ЕУ “ – изјави Османи.

Тој повика на разбирање и внимателност од сите бидејќи,  во последните критични чекори многу е лесно да се измести фокусот. „Барам разбирање од вас да бидеме внимателни во овој период, бидејќи во последните чекори многу е лесно да се изместите заради преоптовареност на преговорите и емоциите. Така што треба да бидеме внимателни и да видиме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови“, рече Османи.