Бројот на жртви од вулканот Фуего се зголеми на 109

8 јуни, 2018 | 10:34 часот | 764 прикажувања |

Бројот на загинати при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемела, надмина 100 лица, а околу 200 се исчезнати.

Поради лошите временски услови и големи наноси на жежок материјал од вулканот, операциите за потрага и помош на настраданите се привремено запрени, пренесува „Асошиејтед прес“

Потрагата по преживеани е привремено прекината поради опасноста по животот на спасувачите.

Портпаролот на националната агенција за справување со катастрофи (CONRED), Дејвид де Леон, изјави дека граѓаните треба да се држат настрана од сè уште опасните подрачја.

Владата на САД испрати најдлабоко сочувство до жртвите и изјави дека е испратена итна помош по барање на Гватемала.