Скопје добива Музеј на илузии

6 јуни, 2018 | 9:19 часот | 838 прикажувања |

Скопје добива Музеј на илузии кој е лоциран на улицата Максим Горки во Скопје, од  10 часот вратите на музејот ќе бидат отворени за посетителите.

Музејот е на три спрата и нуди можност за разгледување фотографии, решавање дилеми и мозочни сложувалки. Дали се плашите од диви животни и колку можат да бидат страшни и безопасни во ваша непосредна близина? Дали сте доволно храбри да се качите во лифтот без дно? Од Музеј на илузии покануваат на правење поинакви и необични фотографии од целото семејство.

Музејот ќе придонесе за зголемување на забавните содржини на градот, но и несомнено ќе биде место каде покрај домашните гости интерес ќе пронајдат и странските туристи.