Мексико им возврати на САД, воведе царини на американскиот челик, виски и свинско месо

6 јуни, 2018 | 8:58 часот | 991 прикажувања |

Владата на Мексико минатата недела најави противмерки на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на увозот на челик и алуминиум и реши да возврати со царини на оние производи од американските сојузни држави каде власта ја држат републиканците.

Мексико воведува царини од 25 % на американските производи од челик, 20 % на низа производи од свинско месо, како и јаболка и компир, а од 20 до 25 % царини на разни видови сирење и виски.

Истовремено, ги укинува царините на одредена квота увоз на свинско од други земји.

Мексиканското министерство за економија во службен весник ја објави листата на американските производи на кои ќе се плаќа повисока царина.

Мексико со воведените контрамерки сака да и наштети на Републиканската партија на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп во март воведе царини на увозот на челик од 25 отсто и 10 отсто на увозот на алуминиум, наведувајќи ја националната безбедност како причина.

Одлуката предизвика бран критки во погодените земји, но и меѓу истакнати членови на Републиканската партија.