Коѕијас: Вселенската патријаршија преговара за признавање на МПЦ под името Охридска архиепископија

6 јуни, 2018 | 8:35 часот | 1.027 прикажувања |

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на државната телевизија во Атина кажа дека Вселенската патријаршија преговара за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква под името Охридски архиепископија.

„Преименувањето на Македонската православна црква во Охридска архиепископија треба да биде поздравено. Луѓето во Скопје треба да бидат наградени за храбороста да се вратат кон традиционалното, непровокативно име“ – изјави Коѕијас.

Дипломат на Атина ја повика Грчката православна црква да не се меша во црковниот спор, бидејќи “тоа не е работа на Светиот Синод на ГПЦ”.

“Ова нешто како граѓани ги засега, но не и како институција, тоа не е нивено  прашање … Кога во почетокот на оваа година Светиот Синод ги поддржа протестите многу добро знаеше дека се водат преговори меѓу црквата во Скопје и Вселенската партриаршия и мораше да биде искрена “, рече Коѕијас.