Белата куќа ја потврди средбата на Трамп и Ким за 12 јуни

5 јуни, 2018 | 12:02 часот | 814 прикажувања |

Првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур, соопшти Белата куќа.

„Нашиот тим во Сингапур завршува со подготовката и ќе остане таму сè додека средбата почне“, изјави Сара Сандерс, портпарол на Белата куќа. Таа додаде дека Трамп ќе има секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата.