Термини за пасоши и лични карти ќе може да се закажуваат и на мобилен

5 јуни, 2018 | 11:57 часот | 719 прикажувања |

Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072 929 292.

Покрај онлајн-закажувањето преку веб-страницата на МВР и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072 929 292. Од МВР информираат дека се обезбедени 30 линии, односно оператори што ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа, велат од МВР, во голема мера ќе им се олесни побргу да ги извадат своите лични документи.