Прегазена 99-годишна старица кај Континентал во Скопје

5 јуни, 2018 | 11:50 часот | 381 прикажувања |

Во 09.00 часот на кружниот тек кај хотел Континентал во Скопје, 29-годишниот Т.А. од селото Сопиште, скопско, управувајќи патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 99-годишната А.Т. од Скопје. Од ударот таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.