Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот со името

9 декември, 2017 | 14:47 часот | 2.077 прикажувања |

Бугарскиот премиер Бојко Борисов од Белград истакна дека прашањето за името меѓу Македонија и Грија мора да биде решено и кажа дека мора да се обединат сите и да помогнат на Европската комисија и на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат ултиматуми.

Тој ова го истакна денеска по средбата со неговиот српски домаќин, на заедничката средба со премиерите на Грција, Алексис Ципрас и на Романија, Михај Тудосе.

„Ние сакаме да ја одработиме својата задача и дури тогаш да посочиме што предлагаме, а на нив е да одлучат дали го прифаќаат тоа или не“, рече Борисов.