Субвенции за велосипеди за уште 300 апликанти

5 јуни, 2018 | 8:25 часот | 668 прикажувања |

Град Скопје соопшти дека во предвидениот буџет останале парични средства за уште 300 барања за субвенции за купување на велосипед.

Од објавувањето на јавниот повик па се до денес поднесени се вкупно 2.860 барања за субвенции што е показател за големиот интерес за добивање на средства за надоместок на трошоците за купување велосипед.

Средствата ќе бидат во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по апликант, односно од 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари по апликант.

Јавниот повик се реализира по принципот “прв дојден, прв услужен“.