Ѕанакопулос: Решавачкиот чекор за името треба да го направи Заев за да се постигне договор

4 јуни, 2018 | 8:42 часот | 823 прикажувања |

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос изјавил дека грчката Влада чека Заев да го направи следниот шекор за да се постигне договор. „Топката е на нивен терен“, изјавил Ѕанакопулос, пренесе „Катимерини“.

Ѕанакопулос, исто така, рекол дека не може да предвиди кога премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, ќе имаат телефонски разговор. Тој рекол дека ништо не е договорено сè додека не се постигне сè што е договорено.

Заев изјави дека останува оптимист, но дека и понатаму останува да се решат некои технички детали.