Меркел го поддржува предлог за обединета европска одбрана на Макрон

4 јуни, 2018 | 8:33 часот | 807 прикажувања |

Поддршка за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за обединета европска одбрана изрази германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе РИА Новости.

Меркел изрази поддршка  за планот на францускиот претседател да создаде заеднички европски воени сили кои се очекува да интервенираат во жешките точки низ светот.

Одлуката на Меркел е чекор напред во долгорочните разговори кои претходно беа попречени од нејзиниот претпазлив пристап кон идејата.