Новиот шпански премиер положи заклетва без Библијата

3 јуни, 2018 | 10:52 часот | 969 прикажувања |

Лидерот на шпанските социјалисти, Педро Санчез положи заклетва за стапување на должноста премеир, држејќи ја раката на Уставот, а не на Библијата. Тоа е прв пат некој шпански премиер да положи заклетва без да ја стави раката на Библијата или од обновувањето на демократијата, по диктатурата на генералот Франсиско Франко во 1975 година.

Санчез ја положи заклетвата вчера во присуство на кралот Филипе Шести, еден ден откако го предводеше гласањето недоверба на неговиот претходник, Маријано Рахој.

Санчез (46) се очекува својот кабинет да го именува следната недела. Тој е седми шпански премиер од враќањето на демократијата на земјата, кон крајот на 70-те години.