
Вчера Р.А. (43) пријавил дека на улицата „Перо Наков“ неговата сопруга З.Р. (36) и нивниот шестгодишен син биле нападнати од куче скитник и притоа детето било каснато во пределот на левата рака и му биле нанесени видливи повреди, а З.Р. се здобила со повреди на левата нога.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле препратени на Инфективна клиника во Клиничкиот центар Мајка Тереза. Според изјавите на оштетенините и сведоците, станувало збор за куче скитник.
Полициската станица Гази Баба ја известила шинтерската служба на Град Скопје, а оттаму излегле на местото на настанот при што кучето било фатено и однесено во Центарот за заштита на кучиња-скитници „Вардариште“.