Заев сѐ уште не разговарал со Ципрас

2 јуни, 2018 | 12:04 часот | 907 прикажувања |

Премиерот Заев денеска кажа дека се уште не се слушнал со неговиот грчки колега Алексис Ципрас за надминување на разликата која нашиот јужен сосед ја има со уставното име на Македонија.

За петокот беше најавен телефонски разговор меѓу двајцата премиери но сепак, за да се случи тоа најпрво ќе треба да се решат одредени технички проблеми кои постојат меѓу двете страни.

За ова денеска информираше Заев при увидот во градежните работи на новиот експресен пат Штип – Радовиш.

„Јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам детали. Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом се отстранат овие технички можности веднаш ќе се случи телефонскиот разговор и верувам дека во најбрз можен рок можеме да објавиме дека сето тоа што е договорено, како би го процесуирале понатаму самите постапки, за да пристигнеме навремено пред Европскиот совет заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање датум за отпочнување на преговорите за Македонија. Така што, следните денови сме максимално фокусирани и посветени, се работи за договарање за членови од договорот, за детали коишто се важни, заради тоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени“, рече премиерот Заев.