Заев му го честиташе изборот на новиот шпански премиер Педро Санчез

2 јуни, 2018 | 11:51 часот | 492 прикажувања |

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со честитки до Педро Санчез, ново избраниот Претседател на Владата на Кралството Шпанија.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и да го реафирмирам интересот и подготвеноста на Република Македонија за натамошно унапредување на односите помеѓу нашите две пријателски држави и за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, безбедна, обединета и просперитетна Европа.

Република Македонија особено ја цени досегашната шпанска поддршка за евро–атлантските интегративни процеси на Република Македонија, и во овој контекст, се надевам на Ваша зајакната поддршка за започнување на пристапните преговори со Европската Унија и стекнување полноправно членство во НАТО Aлијансата“, се истакнува во писмото на премиерот Заев до новиот премиер на Кралството Шпанија Педро Санчез.