„Катимерини“: На маса е предлогот Северна Македонија

1 јуни, 2018 | 10:42 часот | 1.102 прикажувања |

Додека се чека на телефонскиот разговор помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас, електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“, утрово излезе со наслов „На маса предлогот Северна Македонија“.

Во текстот се наведува дека иако меѓу предлозите на медијаторот Нимиц има уште две други сложени имиња, кое се дел од првичниот пакет со пет предлози, Република Северна Македонија се издвојува како најсериозен предлог.

Во текстот се потенцира изјавата на премиерот Заев дека евентуалното ново име, пред да оди на референдум, ќе биде ставено на гласање во Парламентот.

Катимерини очекува телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери да се случи „многу скоро“, по што би следувала срадба меѓу двајцата, која ќе се организира пред саммитот на ЕУ закажан за 28 јуни.