Прополис – моќ и совршенство

1 јуни, 2018 | 8:46 часот | 458 прикажувања |

Присутноста на прополисот во нашето тело е многу важна, зошто таа супстанција ги потсетува имуните ќелии на нивната обврска спремно да ги дочекаат причините за бројни болести а со тоа и ефикасно да го заштитат организмот.

Прополисот е познат како еликсир на младоста затоа што помага да се обноват ткивата. Незаменлив е и кај сериозните пореметувања и заболувања, посебно кај оние кои се последица од стресот, забрзаниот начин на живеење и загадениот воздух. Прополисот ќе им помогне на сите оние кои сакаат да ги намалат штетните последици од секојдневниот стресен начин на живеење поради кој ни е ослабен имунитетот и организмот и сме подложни на многу заболувања.

Прополисот им се препорачува и на децата од навршена втора година. Се дозира според годините. Колку години толку капки. Најактивен е во природна цврста состојба, каков што е во кошницата. Најдобро е да го капнувате прополисот на половина коцка шеќер и оставете го да поседи еден час.

Прополисот може да се внесува во телото на повеќе начини, а еден од нив е тинктура, односно растворен во алкохол.  Во 100 мл се става 40гр прополис грутка или издробен , па повремено да се протресе за да се раствори. После 10 до 15 дена се цеди низ газа или филтер. Талогот се остава зошто може да се употреби при повреди или рани. Исцедениот прополис се става во темно шише. Тој раствор се смета за јак, па употребата на капки треба да биде умерена , најмногу до 30. За мали деца се препорачува до 5 капки, најчесто измешано со вода, млак чај или друг пијалок.