Прв директен лет од Варшава до Скопје

1 јуни, 2018 | 8:29 часот | 751 прикажувања |

Денеска напладен на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines.

На пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол.

Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени  полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.