Силувана девојка со заостанат ментален развој

9 декември, 2017 | 14:23 часот | 268 прикажувања |

Четириесет и четири годишниот В.А. вчера во СВР-Штип пријавил дека истиот ден околу 13 часот Е.А. извршил обљуба врз неговата 20-годишна ќерка, која била со заостанат ментален развој.

Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот, а за случајот е известен јавниот обвинител.