Заев повторно вети дека ќе ја тргне железната ограда околу Владата

30 мај, 2018 | 11:30 часот | 1.038 прикажувања |

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција повторно вети дека ќе ја тргне железната ограда околу Владата, една година откако го даде ова ветување при преземањето на функцијата.

„Оградите околу владата се тргнати, граѓани се шетаат внатре во Владата, доаѓаат, комуницираат. Ние сме отворена Влада. Но, се надевам дека наскоро и буквално ќе се тргне железната ограда околу зградата на владата“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање зошто уште не е исполнето ова ветување.

Тој најави дека наскоро ќе биде поставен и бројчаникот на Труиумфалната капија, но откако ќе паднат и првите правосилни судски пресуди.