Од јуни НАТО ќе го гарантира воздушниот простор на Црна Гора

30 мај, 2018 | 10:49 часот | 1.211 прикажувања |

Од 5 јуни воздушниот простор на Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција тогаш почнуваат воздушна патрола над Црна Гора.

„Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе ѝ помогнат да го обезбеди нејзиниот воздушен простор. Во знак на сојузничка солидарност, Италија и Грција сега ќе помогнат во заштитата на црногорскиот воздушен простор. Италијански и грчки борбени авиони и натаму ќе бидат базирани во нивните матични земји и по потреба ќе бидат ангажирани“, соопштуваат од НАТО.

Како што се наведува во соопштението од Алијансата, не се работи за одговор на каква било закана, туку е важна компонента која НАТО им ја пружа како сигурност на своите членки.