Шеесетгодишен кумановец ги испишал графитите на спомен плочата на Тито во Куманово

30 мај, 2018 | 10:42 часот | 948 прикажувања |

Шеесетгодишниот кумановец М.З. сам се пријавил во кумановската полиција и информирал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад, соопшти денеска, СВР Куманово.

Во соопштението на полицијата се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово.

По целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.