Денес во Скопје ќе се одбележи светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза

30 мај, 2018 | 8:34 часот | 745 прикажувања |

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, денеска во Скопје  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза.

Тие ќе промовираат кампања за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза, да се подигне свеста на општата популација за мултипла склероза, да се унапредат дијагностичките процедури и да се овозможи неограничен пристап до нови лекови.