Ахмети – Тачи: Решавањето на спорот со името, е од интерес на мирот во целиот наш регион

29 мај, 2018 | 19:17 часот | 722 прикажувања |

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Косово се сретна со претседателот на Косово Хашим Тачи, а потоа и со премиерот на Владата на Косово Рамуш Харадинај.

Како што јави „Тетова Сот”, „Тачи и Ахмети разговарале за соработката меѓу Косово и Македонија, како и за важноста на интеграциите на двете земји”.

„Многу е важно да одиме напред како регион, бидејќи само така можеме да ги зајакнеме мирот и стабилноста на сиот Западен Балкан. Косово ги поддржува напорите за решавање на спорот околу името на Македонија. Решавањето на овој спор, а потоа и влегувањето на Македонија во НАТО е од интерес на мирот во целиот наш регион”, рекол Хашим Тачи, пренесува „Тетова Сот”.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата со Тачи нагласил дека блиската соработка меѓу албанските лидери придонела кон подобрувањето на позицијата на Албанците во Македонија.