Двајца загинати во тешка сообраќајка на патот од Визбегово кон Шутка

29 мај, 2018 | 11:52 часот | 1.068 прикажувања |

Две лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари.

Од полицијата информираат дека С.Ш. (48) управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во патничко моторно возило „Опел вектра“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Д. (57), при што работната машина се превртела.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58) и двајцата со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Е.Ѓ. набргу по пристигнувањето на клиниките починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна“, информираат од МВР.

Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот.