Хан твитна: Имавме плодна дискусија со Димитров и Коѕијас, искрена поддршка за преговорите

28 мај, 2018 | 10:49 часот | 1.038 прикажувања |

„Плодна дискусија со пријатели од македонски појадок. Им благодарам на Никос Коѕијас и Никола Димитров за нивната конструктивна и напорна работа! Сите изразивме искрена поддршка за преговорите.“

Ова на својот Твитер налог го напиша комесарот за добрососедска политика на Европската Унија Јоханес Хан по појадокот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Претходно и високата претставничка за надворешни работи на ЕУ Фредерика Могерини истакна дека „сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход“.