На локалните избори во Подгорица победи коалицијата на Ѓукановиќ

28 мај, 2018 | 8:40 часот | 905 прикажувања |

Коалицијата „За добро на граѓаните на Подгорица“ на Мило Ѓукановиќ, оствари убедлива победа на локалните избори во Подгорица, со освоени 47,9 отсто, покажуваат податоците на Џентарот за демократска транзиција, по 100 отсто обработени податоци.

Носител на победничката листа е Иван Вуковиќ кој освои 32 мандата во градскиот Парламент, јави РТЦГ. Коалицијата Подгорица за 21 век, во која се демократите и УРА, освои 25,5 отсто гласови, односно 17 мандати додека коалицијата Демократски фронт –СНП, освои 12,2 отсто, односно осум мандати. На Социјалдемократите им припаднаа три мандати, а на Албанска алтернатива со освоени 1,6 отсто гласови – едно одборничко место во собранието на Подгорица.

Лидерот на Демократска Црна Гора Алекса Бечиќ оцени дека локалните избори во Црна Гора повеќе потсетувале на Сомалија или Камбоџа отколку на земја кандидат за Европската унија.