Катимерини: „Уште едно име на масата“

28 мај, 2018 | 8:28 часот | 1.302 прикажувања |

На интернет-страницата на грчкиот весник Катимерини, кој се повикува на доброинформирани извори пишува дека на преговарачката маса за Македонија има уште едно име покрај веќе познатите предлози на медијаторот Метју Нимиц. „Новиот предлог бил поврзан со Крушево и со словенското наследство на соседната земја“

Во написот се објаснуваат местоположбата и историското значење на Крушево и тоа дека овој предлог ја прекинува врската со „антиката“ наметната од  поранешниот премиер Никола Груевски.

Под наслов „Уште едно име на масата“, Катимерини пишува дека по пропаднатиот обид да се договорат за предлогот „Илинденска Македонија“, Атина и Скопје продолжуваат да бараат едно име за севкупна употреба и трајно решение на повеќегодишниот спор.